Едни прејадени и препиени, други без корка леб. Секој човек, посакува барем за празниците да си легне со полн стомак.

Кога станува збор за подготвување на празнична трпеза, македонските граѓани готват двојно повеќе отколку што можат да изедат. За жал хранатра, наместо да им се подели на гладните, завршува во канта,за 1ТВ објаснува Блаже Јосифовски од граѓанската коалиција „Ајде Македонија“.

Според одредени истражувања, Македонија е една од водечките земји во одност на фрлање на храна на европско ниво. Годишно фрламе и до 10 000 тони производи кои можат да се козумираат, вели Јосифовски.

Граѓаните, пак велат дека традиционално како и секоја година за новогодишните и божикните празници готват на големо.

Македонија е рангирана на десетото место во светски рамки по количина фрлена храна според бројот на жители. Токму поради ваквите поразителни податови, невладиниот сектор во 2017 година поднесе иницијатива за донесување на закон за донирање на вишок храна.