Едни брзаат, а други го извлекуваат „подебелиот крај“ - возачи без морал и еден куп сообраќајни несреќи

“Чувај се себе и другиот” - ова е основната порака во сообраќајната етика. Но,  ретко кој ја почитува и применува, доколку истиот не поминал низ премрежието – сообраќајна несреќа.

Премалку е и секој ден да се зборува за превенцијата и едукацијата, доколку на терен не функционираат казните. Резулаттите на официјална статистика и на Министерството за внатрешни работи за бројот на сообрајќајните несреќи и жртви потврдуват дека на македонските патишта се вози лудо. Едни брзаат, а други го извлекуваат „подебелиот крај“. Најчеста причина за сообраќајните незгоди е брзото возење. 

Возачите притискале на педалот за гас повеќе од потребното, во миг менувајќи ја својата и судбината на другите. Брзото возење останува најризично. Македонските патишта  како ретко досега, станаа места на најкрвавите  инциденти  во кои повеќе луѓе ги загубија животите, а уште повеќе останаа да ги лекуваат траумите. Поразителната статистика покажува дека возачите најмалку страдаат во несреќите, а најчесто жртви се пешаците, мотоциклистите, велосипедистите.

Секојдневните опасности во сообрајќајот на кои се сведоци сите активни учесници, сообрајќајни несреќи со жртви и повредени, покажува на реални и раширени  проблеми, за кои е неопходна сериозна активност и вклученост на сите засегнати. Потребно е итно менување на свеста, знаењата на возачите но и подобрување на сообраќајните услови кои се еден од изворите на ваквите проблеми.