Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Нападната малолетничка во Аеродром

Родител пријавил во полиција дека неговата малолетна ќерка била нападната од врсничка, а друго девојче го снимало со телефон инцидентот. 

- Вчера во 10:00 часот во СВР Скопје, Б.Р.(55) пријавил дека на 02.10.2026 на подрачјето на општина Аеродром, неговата малолетна ќерка била физички нападната од една малолетничка, додека друга малолетничка настанот го снимала со мобилен телефон, известија во денешниот полициски билтен. 

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.