Еднаш се живее!

Јади интегрален леб, младо сирење, зеленчук, овојше. Без сол, додај малку бибер, затоа што го подобрува метаболизмот. Џвакај полека и внимателно. И јади најдоцна два часа пред спиење.... А кога ќе го гризнеш топлиот леб, па еднаш се живее! Дури и да е три часот по полноќ. Кога се во прашање топлиот леб и виното, каква врска има колку е часот?

Вовлечи го стомакот. Вежбај стомачни, клекнувај, кревај ги и виткај ги нозете точно под вистинскиот агол. Не се грбави, биди фина. А сега доста е, еднаш се живее! Слободно облечи ги минатогодишните костуми за капење и ќе бидеш океј. 

Провери го телефонот, можеби некој те барал. Погледни го мејлот, можеби нешто итно бараат од тебе. Види дали имаш непрочитани пораки. Погледни низ прозорец – што ако почнала апокалипсата, а тебе не те викнале? Ама чекај... еднаш се живее! Престани да се трудиш да контролираш сè околу себе, наполни ја кадата и уживај. Можеш да се носиш со работите! А дури и ако не можеш – нема врска, не мораш!

Фрли го ѓубрете, повторно исчисти го подот, нареди сè под конец. И опушти се конечно, еднаш се живее!

Веќе си доволно добра. Дури и така во пижами, со бушава коса и тивка утринска меланхолија. 

На сите ни е потребна добра самовила, која ќе се појави во моментот кога сме пренатрупани со обврски и грижи и ќе ни каже: 

  • Остави го тоа, одиме на журка!

  • А ќе биде ли таму принцот?

  • Уште прашуваш! Само облечи патики, затоа што ќе танцуваме и ќе пееме караоке!