Еднаш кога ќе сфатиш дека си останала сама, тогаш...

Еднаш ќе сфатиш дека си останала сама... Всушност секогаш си била сама, но тоа спознание обично доцни. 

Родителите умираат, сопрузите умираат или се менуваат, љубовниците изневеруваат, децата растат. Или ти сама заминуват, затоа што постепено стануваат странци. Се руши она што до пред некое време сосема добро функционирало. Не е важно што ќе се случи, запомни: самотијата е секогаш зад твојот грб. Зрелост е да бидеш способна да бидеш сама, без драми, со мудрост. 

Подготвувајте се за тоа навреме. Еве и како:

Сите, освен најблиските се заменливи

Пуштај нови луѓе во животот, дури и ако не забележуваш од прва дека имате нешто заедничко. 

Прости им на оние на кои можеш, останатите заборави ги

Заборав е најдобра казна и најдобар лек. И никогаш не се расправај со никого, подобро направи си маникир. 

Не брзај

Сè што брзо се случува, не трае долго. Ако навистина сакаш нешто, ќе го направиш тоа. Ако си се предомислила, значи не било толку важно. Ризичните желби и постапки си заминуваат, остај време да „легнат“. Прави го она во кое не си сигурна само ако таа желба упорно не сака да си замине. 

Оваа точка ја надополнува претходната: Ако нешто навистина сакаш и сметаш дека е исправно – делувај!

Желбите се живот. Дозволи ѝ на желбата да живее во тебе и следи ја. Ако не исчезнала, исполни ја.

Прави го она што го сакаш, но грижи се за твојот дух и тело, инаку ќе ти се одмаздат кога нема да очекуваш

Стекни навика да слушаш што сакаат духот и телото и исполни им ги желбите. Ако никогаш не си ги слушала душата и телото и не знаеш како зборуваат, почни од едноставни работи како читање книга, молитви, медитации, здрава исхрана, прошетки, пливање или јога. Сè ќе се случи, само од себе: душата и телото чекаат да бидат слушнати.

Романтика, љубов и страст

Ако ги помешаш со секс, можеш да останеш без ништо. А тоа е лошо и не е паметно. Романтиката и љубовта нека живеат во твојот живот и со нов партнер. 

Последна работа која треба да те загрижува е мислењето на другите луѓе 

Луѓето воглавно мислат за себе, а и за тебе, во зависност од нивните уверувања.

Плаши се од сигурност, рутина и предвидливост

Сигурноста е почетокот на сенилноста. Сомневај се, дозволувај нови варијанти, оставај отворени патишта. Се сомневам во секоја точка која ја напишав, но ги оставам онакви какви што се. Еден ден, ќе останам сама и ќе проверам дали сето ова навистина е корисно.

Ова е единствената точка во која не се сомневам: Чувајте ги пријателите

Многу е важно да се негуваат добрите пријателства.

Еден ден, кога ќе сфатам дека сум останала сама, тие ќе дојдат и ќе речат: Дали си нормална, па нè имаш нас!

И тоа е вистина!