Една жена го гаси цело Скопје

Билјана Дончевска е единствената жена пожарникарка во Македонија која им пркоси на сите предизвици.

Работата и покрај сите ризици ја исполнува – вели ова не е машка професија туку испит на хуманоста и човечноста. По завршувањето на работните обврски дома ја чекаат семејните, вели  време секогаш мора да се најде и за најмилите. 

-Се упатувам на местото, не размислуваш,треба да спасиш некого. Оваа професија е тешка - вели Билјана Денчовска – пожарникарка.

Во против пожарната бригада работи 14 години. Секојдневните пожарникарски вежби кога се качува по противпожарни скали, се спушта со јаже, ги држи топовите со млазови вода ќе каже дека ги прави онолку добро, колку и нејзините колеги.

– По тешка интервенција со жртви и трауматични сцени последиците се многу потешки одошто ризикот што го преземаме додека интервенираме. Уште самото ѕвоно, самиот аларм кога ќе го слушнеш – почнува стресот, зашто едноставно не знаеш кај одиш и што ќе најдеш таму каде што одиш да интервенираш – вели Билјана.