
Делови од општина Карпош денеска со прекини и во електро и во водоснабдувањето.
Поради планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа, денеска (вторник), во периодот од 08:40 до 13:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општина Карпош.
Како што соопштуваат од Електродистрибуција, прекинот ќе ги опфати улиците „Миладин Поповиќ“, „Драган Ѓаконовски Шпато“ и „Беджих Сметана“.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека денеска (вторник), поради промена на затворач од ф-100 мм на улицата „Миладин Поповиќ“ бр. 15, ќе има прекин во водоснабдувањето.
Без вода, од 10:00 часот па сè до завршување на работните активности, ќе останат корисниците од улицата „Миладин Поповиќ“, како и дел од корисниците од улиците „Орце Николов“, булевар „Илинден“, „Никола Тесла“ и „Мирка Гинова“ во Општина Карпош.
Без вода ќе остане и дел од Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф – 3/4 на улицата „Чедомир Миндеровиќ“ бр. 39а, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата „Чедомир Миндеровиќ“, општина Центар.