Една скопска населба остана без вода попладнево – дефектот ќе се санира до утре

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираше дека денес, поради дефект на водоводна цевка Ф 110 мм во близина на Црквата Св. Мина во населба Сопиште, водоснабдувањето е прекинато за дел од корисниците.

Почнувајќи од 18:00 часот без вода се: улица 1, непарните улици 3, 5, 7 и 9, како и парните улици 8, 10, 12, 14 и 16. Прекинот ќе трае до утре, бидејќи дефектот се наоѓа на непристапен терен.

Од Јавното претпријатие информираат дека е обезбедена цистерна со питка вода која вечерва и утре ќе кружи низ овие улици во населбата.