Една скопска населба денеска без вода

Поради дефект на огрлица на улицата „28/12“ во населбата Сингелиќ, денес ќе има прекин во водоснабдувањето за корисниците од оваа населба.

Водоснабдувањето ќе биде во прекин од 10:00 часот и ќе продолжи до целосно завршување на санацијата на дефектот.

Екипите се на терен и работат на отстранување на проблемот, информираа надлежните од скопски Водовод.