
Вчера во Кавадарци се пријавени два случаи на измами со голема финансиска штета.
Во првиот случај, 81-годишна жена била измамена за 300.000 денари откако била контактирана телефонски од лице што се претставило како лекар. Исто лице ѝ соопштило дека нејзината ќерка е хоспитализирана и потребен е оперативен зафат. Жената излегла пред својот дом и му ги предала парите на машко лице, по што сфатила дека била измамена.
Во вториот случај, 56-годишен маж преку интернет контактирал со лица што се претставиле како вработени во странска компанија и му понудиле инвестиција на берза. Тој извршил уплати во вкупна вредност од 4.900 евра, а подоцна лицата побарале дополнителни 10.000 евра за поврат на средствата, по што сфатил дека станува збор за измама.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите, информираат од МВР.