Една од најурбаните скопски општини станува бетонска џунгла

Во оваа општина се гради секаде, за сметка на зелените површини. Непланската градба според нив направила урбан хаос.

„Карпош е една од најзагадените општини, немаме воздух  и тој е презагаден, но не е само тоа туку неплански се градат згради. Се носат жители, а не е планирано ни градинки и училишта, но и улиците се веќе претесни. Едноставно, не е хумано веќе живеењето во Карпош“, вели Невена Георгиевска – подносител на иницијативата до Уставен суд

Граѓаните на Карпош на протест пред Уставен, ќе бараат од судот да ги стави на дневен ред четирите оспорени детални урбанистички планови од Општината, кои до судот ги доставиле минатата година. Покрај најавениот протест, на социјалните мрежи се иницираше и онлајн петиција која до сега има собрано неколку стотина потписи. Граѓаните се револтирани поради тоа што додека предметите чекаат на одлука од Уставниот суд,  објектите предвидени во спорните детални урбанистички планови интензивно се градат.

Дел од иницијативите за оценка на уставноста на ДУП-овите добија поддршка добија и од градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев. Токму Богоев, на почетокот на годинава тврдеше дека претходната локална власт ја прекршила законската постапка за донесување на урбанистичкиот план. Од уставен во таа прилика потврдија дека иницијативите се пристигнати во судот на 18 октомври минатата година, се распределени и по нив се постапува. Деталните урбанистички планови беа донесени од претходниот градоначалник Стевчо Јакимовски за време на Божиќните празници пред две години, и во нив се предвидува изградба на нови згради на неколку локации каде претходно имаше зелени површини.