Една од најголемите улици во Визбегово добива асфалт

Во Визбегово, скопски Бутел, започна реконструкција на една од најголемите неасфалтирани улици во населеното место, улица 1.

- Улица 1 заедно со нејзините краци во населеното место Визбегово е една од најголемите неасфалтирани улици во должина од над 700 метри и таа води до ново општинско основно училиште “Визбегово”. Со реконструкцијата ќе се опфати машинско копање, рамнење и поставување на нов тампон и нов асфалт на над 2.100 м3, информираше градоначалникот на Бутел Дарко Костовски. 

Со реконструкција на оваа улица ќе биде решен еден од најголемите проблеми со пристапување до новото општинско училиште. Еднаков рамномерен развој на општина Бутел. Инвестираме во сите населени места! - додава тој.