
Изминатите два дена пријавени два случаи на грабеж врз повозрасни жени во Скопје, од кои бил одземен накит.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 12:15 часот во СВР Скопје, Р.К.(64) од Скопје пријавила дека околу 11:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице со употреба на физичка сила ѝ го одзел личниот накит.
Исто така, на 30.09.2026 во 11:34 часот во СВР Скопје, Ј.Т.(76) од Скопје пријавила дека на 30.09.2026 околу 11:00 часот во станбена зграда на подрачјето на Аеродром во Скопје, едно лице со употреба на физичка сила и го одзел личниот накит.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите.