Една лекција за љубовта за секој хороскопски знак

Ова се кратки реченици, кратки лекции за љубовта за секој од хороскопските знаци.

Photo by Jonathan Borba on Unsplash

Овен – Не можете да ги спасите луѓето, можете само да ги сакате со целото срце.

Бик – Секојдневната, едноставна љубов е помоќна од романсите исполнети со страст.

Близнаци  – Не постои вистинската личност. Постојат само повеќе луѓе кои ни одговараат, кои ги среќаваме низ животот.

Рак – Срцето секогаш ќе биде ранливо, а работите поврзани со него, помалку страшни. Но, вие сте единствените кои можете да си дозволите некогаш да бидете повредени.

Лав – Никој не може да ве сака онака како што вие сакате.

Девица – Никогаш нема да ја најдете совршената личност, само несовршени луѓе кои ја заслужуваат вашата љубов.

Вага – Врските никогаш не може да бидат 50/50. Таквото очекување може да ви донесе само разочарување.

Шкорпија – Не можете да сакате без да верувате.

Стрелец  – Не можете да ја фатите личноста која не сака да биде фатена.

Јарец – Колку високо ги кревате своите ѕидови околу срцето, толку потешко ќе ви биде да ги срушите. Не се плашете од љубовта.

Водолија – Можете да бидете во врска и да бидете независни. Едното не го исклучува другото.

Риби – Љубовта не е сè и таа не може да ве спаси од себеси.