Една година по втората титула на Вардар во Лигата на шампиони

Првиот викенд на јуни минатата година беше забележан по освојувањето на втората титула во престижната ракометна Лига на Шампиони за македонскиот првак Вардар. Финалните натпревар се одиграа во Келн, Германија.

Најпосакуваниот трофеј во машкиот европски ракомет го освои македонскиот тим РК Вардар кој испиша епска приказна покривајќи ги слабостите со силна волја и борбен дух.

Ова е втора титула во Лигата на шампионите за Вардар за три години, по нивната прва победа во 2017 година кога го земаа првиот медал во европската лига на шампиони.  Тие сеуште се единствниот македонски тим кој го земал медалот во оваа лига.

За потсетување, минатата година Вардар го совлада Телеком Веспрес со 27:24 оставајќи го унгарскиот тим со четри обиди за трофеј во Лигата на шампионите.  Македонската страна беше во водство во текот на целиот натпрвар создавајќи јасна предност во првото полувреме.

„Целата сезона се боревме како лавови. Затоа се беше можно.  Се бориме за сите нас и даваме најдоброто од сњбе во секое време“, рече Рожери Мораес.