Една година по смртта на Душко Чифлиганец - Цвеќе на патеката каде загина и зборови на неизмерна тага...

Eдна година по трагичната смрт на Душко Чифлиганец, неговата сестра Драгана Чифлиганец се врати на патеката во Брно во Чешка каде што го загуби својот брат и сподели емотивна порака.

- Празнина како вулканска дупка. Болка за која никогаш не можев ни да помислам дека ќе ја доживеам. Наместо празник – тага до крајот на животот Помина една година,  а болката не стивнува само е поголема од ден на ден. Недостигаш во секој ден, во секој здив и во секој момент... пишува Драгана. 

Душко беше син на познатиот стопанственик и универзитетски професор Ванчо Чифлиганец. Тој беше заменик-претседател на „Адора Бизнис Групација“, а почина по тешка сообраќајна несреќа со мотор, на само 32 годишна возраст.