„Да се биде мајка значи да дознаваш за сила која не си ја знаела и да доживееш стравови за кои не си знаела дека постојат.“ – Линда Вутен

„Мајчинство – сета љубов на светот започнува и завршува со мајчинството.“ – Роберт Браунинг

„Мајка е личност која кога ќе види дека има четири парчиња пита за пет луѓе, вели дека никогаш не сакала пита.“ – Тенева Џордан.

„Да се биде мајка е полно работно време и е едно од најдобро платените работи, земјаќи предвид дека платата е чиста љубов.“ – Милдред В. Вермонт

„Мајката е целокупниот систем на воспитување објаснет преку еден збор.“ – Наполеон

„Во првите пресудни години од животот, детето ја доживува мајката како сеопфатна силна која штити и храни. Мајката е храна, љубов, топлина, земја. Кога таа те сака, значи дека си жив, вкоренет и дека си дома.“ – Ерих Фром

„Мајките се раѓаат во истиот момент кога се раѓаат и децата. Таа пред тоа не постоела. Жената постоела, но мајката не. Мајката е нешто потполно ново.“ – Рајнеш

„Мајките никогаш не се сами во своите мисли. Мајката секогаш мора двапати да размисли, еднаш за себе и еднаш за своето дете.“ – Софија Лорен

„Најдобро место за плачење е секогаш на мајчиното рамо.“ – Џоди Пиколт

„Мајчиното срце е детската училница.“ – Хенри Вард

„Обично сите други зборови се појавуваат во дуо или трио, дури ги има и во стотина примери. Има многу ружи, ѕвезди, зајдисонца, пеперутки, браќи и сестри, тетки и братучеди, но на целиот свет постои само една мајка.“ – Кејт Даглас Вигин

„Мајчиното срце е бездна во чии длабочини секогаш ќе пронајдеш една работа – подготвеност за прошка.“ – Оноре де Балзак

„Мојата мајка е најубавата жена која сум ја видел. Сѐ што сум денес е поради мојата мајка. Целиот мој успех во животот го припишувам на моралната, интелектуалната и физичката едукација која ја добив од неа.“ – Џорџ Вашингтон

„Најважната работа која таткото може да ја направи за своите деца е да ја сака нивната мајка.“ – Теодор Хесбург

„Бог не можел да стигне секаде, па затоа ја создал мајката.“ – еврејска поговорка

„Мајчината љубов е гориво кое му овозможува на човекот да го направи и она што е невозможно.“ – Марион С. Герети

„Едно мало девојче било запрашано каде е нејзиниот дом. Таа одговорила: „Таму каде што е мојата мајка.“ – Кеит Л. Брукс