Единаесетти пожарникарски крос покрај Вардар

Традиционалниот пожарникарски крос - натпревар „Пожарко 2018“ по единаесетти пат ќе се одржи утре, 15.5.2018 година (вторник), на кејот на реката Вардар, во близина на СЦ „Јане Сандански“ Општина Аеродром, со почеток во 10:00 часот.


Право на учество на кросот, во конкуренција на категорија машки 600 метри и женски 500 метри, имаат учениците од осмо и деветто одделение од основните училишта од Градот Скопје.

Кросот се одржува по повод 20 мај, Денот на пожарникарството во Република Македонија, во организација на Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“, a во соработка со Противпожарниот сојуз на Град Скопје.

Оваа традиционална спортска манифестација претставува значаен придонес во развојот на свеста кај младата популација за заштита од пожари.