Еди Рама пречекан со највисоки државни и воени почести во Скопје

Претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама, денеска е во официјална посета на земјава. 

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, го пречека Рама со највисоки државни и воени почести. Како што информираат од Владата, по официјалниот пречек, премиерите Ковачевски и Рама, оствариле меѓусебна средба, по што следуваше меѓувладината седница на која што двајцата премиери Ковачевски и Рама имаа воведни обраќања. Потоа ќе има дискусија помеѓу владините делегации на двете држави

Воедно, на денешната седница ќе бидат потпишани договори и меморандуми помеѓу министрите на двете држави, кои се однесуваат на зацврстување на соработката во повеќе сегменти.

По завршувањето на меѓувладината седница, премиерите Ковачевски и Рама ќе одржат заедничка прес-конференција.