Патиките кои ги носеше Артан Груби, првиот вицепремиер, предизвикаа лавина реакции во јавност. Први за цената на неговите обувки реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
- Артан Груби глуми моден гуру и замислете, на очиглед на целата македонска јавност, се облекува во патики кои чинат дури колку една македонска плата. Артан Груби вчера, смеејќи и се на целата македонска јавност во лице се пофали со патики “Off-White” кои чинат над 450 евра, порачаа денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
Стигна реакција и од кабинетот на Груби.
- Патиките се купени на попуст по цена од 138 евра, (околу 8.500 денари), реагира вицепремиерот Артан Груби преку соопштение испратено од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците кое тој го раководи, со што го демантира соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
- Очигледно Артан Груби како новопечен мултимилионер сака во стилот да биде новиот Еди Рама, но за жал од “Алиекспрес”, бидејќи сите знаат дека овој негов луксуз се должи на криминалот и корупцијата кои ги прави оваа Влада на ДУИ и СДСМ, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Јавноста се пошегува дека дури и вицепремиерот чека патиките кои ги сака „да паднат“ на попуст“, па што останало за обичниот граѓанин.