Еден загинат во пукање во чајџилница во Чаир

Во престрелка што се случила вчера вечер во чајџилница на улицата „Браќа Реџепагиќ“ во скопската населба Чаир, еден човек загинал, а двајца се ранети, изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски за ТВ Шења.

Според Ангеловски, во пукањето, кое се случило во близина на училиштето „Имри Елези“, се повредени тројца, а еден од ранетите починал.

„Полицајци се упатени на местото за да го расчистат случајот“, изјави Ангеловски за Шења вчера вечер.

Неофицијално, телевизијата објави дека и братот на загинатиот во вечерашната престрелка бил убиен за време на Рамазан минатата година.