Еден загинат викендов на скопските улици

Мотоциклист загина, велосипедист е тешко  повреден, а 16 лица се здобиле со лесни телесни повреди во 12 од вкупно 22 сообраќајни незгоди евидентирани изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје.

Сообраќајната полиција регистрирала и санкционирала 105 возачи за пречокорување на дозволената брзина. Од сообраќај се исклучени 41 возач, четворица за возење под дејство на алкохол, 33 пред да се стекнат со право на управување моторно возило, како и четворица почетници.

Од 27. возила исклучени  од сообраќај, две биле технички неисправни, а 25 нерегистрирани.

Затекнати се непрописно паркирани 167 возила, а со специјално возило пајак подигнати се 125. Сообраќајната полиција санкционирала и еден пешак, како и седум возачи за поминување крстосница на црвено светло, шестмина за недавање првенство на минување на пешаци, петмина за неправилно престројување и двајца за неправилно престигнување.

Како дел од сообраќајниот воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи” Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во градинката „8 Март“ објекти „Пеперутка1“ и „Пеперутка 2“ во општина Кисела Вода.