Еден витамин може да ве заштити од штетните ПМ честички

Mеѓународен тим научници во 2017 година изработи клиничко испитување со желба да открие како ефектот на изложеност на концентрација од загаден воздух може да биде ублажен преку дневно внесување на витамин Б, кој содржи 2,5 мг фолна киселина, 50 мг витамин Б6 и 1 мг витамин Б12.

Во истражувањето учествувале 10 волонтери кои прво биле изложени на чист воздух, а им бил даван плацебо за да ги измерат нивните основни реакции. Подоцна истите испитаници биле тестирани со големи дози на витамин Б и биле изложени на многу загаден воздух кој содржи високо ниво на ПМ 2,5.

Резултатите од истражувањето откриле дека четиринеделното изложување на суплементи од витаминот Б го ограничува ефектот на ПМ 2,5 помеѓу 28% и 78% на 10 генски локации.

Истражувачите откриле дека слична редукција се случува и во митохондриската ДНК, деловите од клетките кои генерираат енергија. Научниците, сепак, истакнуваат дека оваа студија има многу ограничувања, како на пример малиот број на испитаници, но и малкуте информации за количината на витамин Б која може да предизвика реакција, како и дека се потребни подетални истражувањеа и испитувања.

Како и да е, резултатите од оваа студија се охрабрувачки и можеби го содржат клучот за намалување на штетните дејствија од загадениот воздух.