Еден витамин кој е потребен за поздрава коса

Оние кои долго време се мачат да и помогнат на својата коса да биде поздрава и посјајна, конечно имаат решение за ваквиот проблем.

Според нутриционистката Соња Ангелоне, портпарол на Американската Академија за храна и здрав начин на живеење, биотинот е состојката која може да и помогне на нашата коса да биде посилна, поздрава и посјајна.

Но, што всушност претставува биотинот?

Тој е познат и како Б7 витамин, кој е корисен во метаболизирањето на јагленохидрати, масти и протеини во енергија. Тоа значи дека е многу важен за нашето здравје, како и за одржување на здрав нервен систем. Но, освен тоа е многу корисен за нашата кожа, коса и нокти.

Како да го забележиме недостатокот од Б7?

Оние кои имаат слаби нокти и коса, дефинитивно имаат проблем со недостатокот на Б7. Но, треба да бидеме внимателни бидејќи постои можност и да имаме премногу биотин. Во тој случај, се појавуваат акни и чешање на кожата. 

Во секој случај, пред да пристапите кон додавање на овој суплемент во исхраната, консултирајте се со вашиот матичен лекар или фармацевт.