Еден татко упасен, мајка кривично ќе се гони за насилство врз сопствените деца

СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.О.(38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.

Како што информираат од полицијата, завчера во Тетово, пријавената физички го нападнала нејзиното четиригодишно дете.

Во Прилеп, пак, во одвоен случај, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Т.(39) од Прилеп, бидејќи физички го нападнал неговиот син и му нанел повреди.

По целосно расчистување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.