Еден скопски сокак кој и денес изгледа преубаво: Дали знаете за која улица се работи?

Развојот на градот влијаел и на изгледот на корзото. Во 1919 год. улицата “Крал Петар” (денешна ул.Македонија). била крива улица со калдрма каде што шетале млади луѓе со сиромашна облека и ниска култура. Веќе во 1925 год. сликата на корзото оддавала пријатна атмосфера, додека во 1935 год. на корзото се забележувале госпоѓици и господа со лаковани чевли, свила и француски парфеми, култура која во 1938 год. веќе претставувала стандард.