Еден повреден при судир на три возила на булеварот „Александар Македонски“

Едно лице е повредено при судир на три возила на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје.

Несреќата се случила вчера во 17 часот на приклучокот од булаварот „Александар Македонски“, при што се судриле  „фолксваген пасат“ управуван од М.Т.(20) од Скопје, „сеат алтеа“ управувана од Е.С.(37) од село Инџиково и  „крајслер“ управуван од Д.Ј.(40) од Новаци, село Гермијан.

Сите возила се со скопски регистарски ознаки. По незгодата Е.С. бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.