Еден полицаец загина, а еден е тешко повреден по сообраќајка кај Куманово

Полициски службеник кој бил на своето работно место починал по удар од возило. Уште еден полициски службеник со тешки повреди е пренесен на скопските клиники, информираше Министерството за внатрешни работи во денешниот билтен. 

Ноќеска во 00.45 часот на регионален пат Куманово- Свети Николе во близина на крстосница со нас.Ајдучка Чешма патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(40), удрило во В.Ц.(37-год.-полициски службеник) и А.М. (25 год, кандидат за полициски службеник), кои биле на службена должност.

В.Ц. починал на местото на настанот, а А.М. со тешки телесни повреди е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. 

С.Ј. со возилото „Мерцедес“ избегал од местото на настанот, по што на регионалниот пат Куманово-Св.Николе удрил во патничко моторно возило „Шкода“ со кумановски регистерски ознаки, управувано од Н.П.(34). Возачот на возилото „Шкода“ и сопатникот Д.Ј. (42) се здобиле со тешки телесни повреди, а А.Ј. (52) со телесни повреди, при што Д.Ј. е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите повредени се пренесени во болницата во Куманово.

С.Ј. е пренесен во болницата во Куманово, а против него во текот на денот ќе биде поднесена  кривична пријава.

 

Air Max 2018 Dunk SB