Еден од најубавите симболи во стариот дел на Скопје (фото)

Скопската тврдина (позната и како Скопско Кале)  е историска тврдина лоцирана во стариот дел на Скопје, на доминантна позиција. Оваа тврдина за прв пат е изградена во 6. век и денес претставува еден од најубавите симболи на главниот град. Тоа се наоѓа на северната страна на реката Вардар, делејќи го Скопје на половина.

Калето има форма на триаголник, одозгора зарамен и со изразен пат кон јужната и западната страна. Според историските податоци, тоа е изградена за време на владеењето на византискиот император Јустинијан I во шестиот век. Тврдината  е речиси уништена во 518 г од голем земјотрес, по што повторно била реновирана.

Скопската тврдина е оштетувана и уништувана од штетите предизвикани од многу битки и војни во регионот, особено во војните меѓу Бугарската и Византиската империја за време на владеењето на Петар Делјан. На тој начин, таа повторно е реновирана во десетиот  и единаесетиот век, кога е работено на главниот градски ѕид, од кога потекнуваат и ѕидните платна на северозападниот и јужниот ѕиден потег. Од овој век потекнуваат и „Киклопските  ѕидови“ кои се градени на класичен начин во стилот opus quadratum. За време на владеењето на Османлиската империја, тврдината е проширена со нови ѕидови.

Во 1660 година, познатиот хроничар Евлија Челеблија пишува дека Калето е силна градба со двојни ѕидови. Според него, ваква уметност, префинетост и градба не се среќава често во други градови. Со неа, градот е заштитен од седум бастиони и три порти на југоисточната страна, а постојат многу чувари на влезот. Вратата и ѕидовите на влезот се украсени со различни оружја.

Дваесет години подоцна, познатиот војсководец Пиколомини во своето писмо до царот Леополд посочува дека тврдината е ѕидана на стар начин, наполно без одбрана и вода, без простор за коњица“.

Скопската тврдина претпрела големи штети за време на скопскиот земјотрес во 1963 година, со што биле разураните одбранбените кули, бедемите и зградите во тврдината.

Во рамки на археолошките ископувања во 1953 година биле откриени материјални докази за постоење на доцнонеолитската населба, со белези на културата Салкуца – Бубањ – Хум.  Во времето на Цар Самоил формиран е средновековниот византиско – словенски град Скопје, кое претставувало многу важна стратегиска точка, тврдина – град“.  Со археолошките ископувања во 1967 година утврдено е дека најстарите елементи на градскиот ѕид потекнуваат од времето на Самоил.

Археолошките ископувања повторно започнаа во 2007 година (14 мај),  а потоа повторно во 2010 година кога археолозите најдоа ковчег со 44 златни византиски и 76 сребрени венецијански парички од Византиската ера. Златните парички содржат мотиви од византиските императори и библиски мотиви, додека пак сребрените содржат мотиви од венециските владетели.

Денес, калето е едно од омилените места на жителите на Скопје, но и на туристите кои го посетуваат главниот град. Со својата висока точка, тоа нуди одличен поглед на градот, особено во текот на приквечерието.