Еден од најголемите факти за спанаќот е лага

Спанаќот, лиснат зелен зеленчук на чија конзумација многу родители често ги „принудуваат“ своите деца, не е толку богат со железо како што се веруваше досега, тврдат германските научници.

„Тоа е една од најпознатите нутриционистички грешки“, вели Хелга Струбе од Германската асоцијација на нутриционисти, а е плод на грешката од 19 век.

После спроведениот тест за количината на железо во спанаќот, некој тогаш погрешно евидентирал дека во овој вид на зеленчук на секои 100 грама има од 35 до 40 милиграми железо.

„Точниот податок е 3.5 до 4 милиграми“, вели Струбе. „А, тоа не е доволно за мускули како оние на Попај“.

Освен тоа, железото од растенија како што е спанаќот не е толку употребливо во организмот како она од месото. „Ниту една намирница не може сама да поттикне раст на мускулите“, истакнува Струбе.