Еден месец пиела вода на празен стомак - еве ги резултатите!

Што е тоа што го прават Јапонките за да имаат порцеланска кожа и витка линија? Една девојка одлучила да ја дознае таа тајна и со помош на интернетот го открила нивниот ритуал на пиење вода на празен стомак веднаш по будењето.

Судејќи по многу студии, оваа едноставна навика може да даде многу позитивни резултати кога станува збор за одредени здравствени проблеми, а една девојка одлучила да открие колку сето тоа што можеме да го прочитаме на интернет е точно.

Таа го споделила своето искуство со сајтот „Bright side“. „Повеќе не знаев што да правам за да имам повеќе енергија. Мојата кожа и коса изгледаа безживотно, а телото буквално ми испраќаше сигнали дека не функционира како што треба.

Затоа одлучив да го испробам овој третман од јапонските девојки, а резултатите се едноставно неверојатни.

1. Почнав да се чувствувам посвежо и поздраво

Неколку дена по усвојувањето на овој ритуал почнав да се чувствувам полесно. Можев да почувствувам како моето тело полесно се ослободува од токсините.

2. Мојот метаболизам се подобри

Повеќе не чувствував глад која ме мачеше на секој час. Потребата за грицки помеѓу оброците едноставно исчезна и имав повеќе енергија.

3. Ми помогна да ослабам

Покрај недостатокот на глад, мојот желудник престана да биде бавен. Тој вишок енергија кој го добив ме мотивираше повеќе да вежбам.

4. Изгледот на мојата кожа драстично се подобри

Немам намера да лажам. Луѓето порано мислеа дека изгледам постаро отколку што навистина сум. Меѓутоа, откако ја почнав оваа терапија со вода, брчките на моето лице се намалија и мојата кожа сега изгледа поздраво и едноставно блеска.

5. Мојата коса почна да изгледа подобро

Влакната од косата ми беа кревки и затоа морав да се шишам два пати месечно. Пиењето вода на празен стомак не ми пружи само поздрав раст на косата, туку и таа почна да изгледа неверојатно сјајно.

6. Престанав да имам инфекции на уринарниот тракт

Водата го реши овој проблем подобро од било кој антибиотик.

7. Не бев болна долго време

Овој едноставен ритуал го поправи мојот имунолошки систем. Нешто толку едноставно ми помогна да се справам со болестите без потреба да земам лекови.