Еден град е паметен кога децата можат да пешачат или возат точак, слободно и безбедно

Со доаѓањето на пролетта се повеќе скопјани се одлучуваат за велосипедот како превозно средство. Освен што е полезно за здравјето, на тој начин придонесуваме и за животната средина, но е и начин да се избегнат нервозните возачи и пешаци. 

За жал, сообраќајниот хаос во Скопје се уште е причина за родителите, со право, да се загрижени за своите деца ученици. Оние од помалите одделенија мора да бидат придружувани од возрасен или со автомобил да се оставаат токму до училишниот двор. 

Повозрасните деца, па воопшто возрасните „треба да отворат четири очи“ за да минат на пешачки, коментираат граѓаните на социјалните мрежи. 

Очигледно сообраќајната култура уште е на многу ниско ниво, иако сите сакаат Скопје да стане смарт сити. 

-Паметен град (Smart City) - нема врска со вештачка интелигенција или сензори. Еден град е паметен кога децата можат да пешачат или возат точак, слободно и безбедно. Технологијата е само бонус - ова е парафраза на Lior Steinberg, урбанист која ја потенцираат од „На Точак“ - иницијативата кога неуморно се залага за безбедно и чисто Скопје.