Еден дожд и Кисела Вода веќе плови под вода

Од утрово, на подрачјето на главниот град, забележани се повеќе поројни дождови, во повеќе општини. 

Сепак, од сите особено се „издвојува“ Кисела Вода, каде интензивно се гради, но целосно неплански, без да се мисли на потенцијалните штети кои би настанале дури и при најмало невреме. Особено погоден е, секако, Расадник, но ситуацијата не е ништо подобра ни во остатокот од општината.  

Па така, од утрово па досега, улиците целосно пливаат во вода, а атмосферската канализација како воопшто да не постои.