Еден ден во мај носи голема среќа во љубовта за сите хороскопски знаци

Без оглед на тоа дали веруваме во хороскопот и поставеноста на ѕвездите, некои денови се едноставно посреќни за нас.

Па така, 17 мај ќе биде еден од најромантичните денови оваа година. Месечината е во Лав, а дополнително ќе ја имаме поддршката на Венера која е планетата на задоволството и романсата и Меркур кој транзитира низ Близнаци.

Близнаците се знак кој го симболизира интелектот и социјалниот аспект, но и љубезноста и размената на информации. 

Прочитајте што ви носи овој ден за вашиот хороскопски знак.

Овен – испратете ја пораката која долго чекате да ја испратите

Ова е период кога ќе размислувате за финансиите, но и на некоја посебна личност на која ќе посакате да и кажете дека ви се допаѓа. Овој ден ви носи романса, а Венера ви ги подобрува и комуникациските вештини. Искористете го тоа.

Бик -  бидете отворени да ги дискутирате своите вредности

Во последно време размислувавте многу. Време е да поминете време со саканите, но и да се навратите на оние вредности кои ги имате во себе. Венера во конјункцијата со Северниот нод е во вашата втора куќа на вредности, финансии и ве насочува кон она што ви значи.

Близнаци  - замислете желба

Ова е убав ден за вас, драги Близнаци. Месечината го активира вашиот комуникациски сектор, а Венера ви носи хармонија на сите полиња. Ќе бидете шармантни и неодоливи за другите.

Рак – уживајте во вашата таинствена романса

Имате неодолива харизма овие денови, а под површината се крчка една убава романса. Венера е во вашата дванаесетта куќа на карма, скриени агенди и афери. Звучи мистериозно, но и во тоа е убавината.

Лав – бидете на вистинското место во вистинско време

Како дополнување на месечината, Венера навлегува во вашата 11та куќа на поврзувања, пријателства и идни надежи. Затоа, без оглед на тоа дали скролате на социјалните мрежи или пак директно се поврзувате со пријателите, за вас постои огромна шанса за романтично поврзување.

Девица – оставате голем впечаток на другите

Со месечината која ја размрдува вашата дванаесетта куќа на несвесни енергии, вие ќе бидете како магнет за другите. Венера влијае и на вашата репутација на овој ден, па иако ќе бидете максимално фокусирани на кариерата, овој ден за вас доаѓаат интересни додворувачи.

Вага – ризикувате и се поврзувате со другите

Држете ги своите опции отворени. Месечината ја осветлува вашата единаесетта куќа на пријателства, но Венера е во вашата деветта куќа на авантури и искуства. Тоа ќе ви помогне да го преземете големиот ризик особено ако долго сте чекале да и пријдете на некоја личност.

Шкорпија – расположени сте за љубовна игра

Искористете ги зборовите, драги Шкорпии. Романсата се зачинува со тоа што Венера ја осветлува вашата осма куќа на интимност и поврзувања и ви носи можност да експериментирате во љубовта и сексот. 

Стрелец – конечно сте подготвени да зборувате

Месечината ќе ја осветли вашата деветта куќа на експанзија, а Венера вашата седма куќа на разговори и договори. Време е да седнете и да поразговарате за важни теми, или пак да изјавите љубов некому. 

Јарец – љубовта доаѓа кога најмалку ја очекувате

За вас, драги Јарци – месечината транзитира низ осмата куќа на интимност и сексуални поврзува, а Венера навлегува во вашите дневни ритуали и рутина. Не поставувајте очекувања, бидејќи љубовта може да се појави кога најмалку очекувате. Држете ги очите отворени.

Водолија – флертувате и уживате во тоа

Потребни се двајца за танго, а вие уживате во заведувањето и флертот  овој ден. Месечината е во вашата седма куќа на врски и поврзувања со другите, а Венера во вашата петта куќа на страст, љубов и изразување. Ова може да ви донесе и нов додворувач, најважно е да изберете некој што ве прави среќни.

Риби – се поврзувате со интересна личност

Оваа месечина се случува во вашата шеста куќа на вашите секојдневни активности, но Венера е во вашата четврта куќа на емоции што ќе ви помогне да се поврзете со една конкретна личност.