Еден ден се надевам дека навистина ќе бидам среќна колку што се преправам дека сум

Најтежок дел од секое раскинување е она што следува по раскинувањето.

Навистина не знам што е полошо, оној момент на потрага по парче мир во мојот ум кој постојано ме саботира, а кој никогаш не престанува или обидите повторно да се изградам себеси од скршените парчиња.

Очигледно е дека ти и јас не бевме еден за друг. Го немавме тоа што е потребно за да бидеме долговечни. И јас го знаев тоа. Двајцата го знаевме.

Но, сѐ уште го пуштам мојот ум да одлета кон тебе, кон нас, дури и ако е болно. Сѐ уште мислам на сите оние „што ако“ и „а можеше“ моменти.

Искрено, тоа ми помага. Затоа што конечно почнав да се справувам со сите чувства кои долго ги поттиснував и кои сакав да ги заборавам.

Но, во моментот кога ми рече дека се гледаш со нова девојка, пред очи гледав се распрснува како целиот прогрес кој го направив. Потценување би било кога би рекла дека во тој момент срцето ми потона во стомакот.

Тотално се изгубив. Мислев дека имав доволно време да те преболам. Но, ова очигледно ми покажа дека не е така. Дали се надевав дека вратата кон тебе би можела да остане отворена? Дали ми беше потребно ти да продолжиш понатаму, за и јас да можам да го направам тоа?

Дали само се преправав дека сум те преболела, дали всушност само сум се оправила површински, додека моето срце уште не знаело што да направи со скршените парчиња?

Која и да е причината, не го очекував тоа. И сега не знам како да се справам со тоа.