Еден ден можеби ќе се вратиш онаму од каде што си заминал...

Можеби животот некогаш повторно ќе те врати на старото огниште. Онаму од каде што одамна си заминал. Па ќе застанеш и ќе се загледаш во пепелта. А сеќавањата те носат таму некаде назад... И можеби ќе ти дојде да земеш стап и да разбуричкаш низ пепелта... Како да претураш по некои минати времиња. И којзнае... Можеби ќе видиш дека некаде таму сѐ уште тлее некоја мала искра. 

Којзнае... Можеби...

Па ќе се изненадиш што не згаснала и после толку време. Што преживеала и покрај сите невремиња. И не исчезнала засекогаш. Па некако меланхолично ќе се загледаш и ќе се замислиш. Како ли го преживеала сето ова? Што сака да каже? Зошто уште гори за тебе иако одамна си заминал?

И можеби ќе ти дојде да ѝ дадеш малку сила. Да дувнеш за да разгори. Да се издигне, како и ти, од пепелта.

Затоа што можеби тоа е еден дел од тебе кој одамна си го изгубил. И сега повторно се приближува назад. Дел соголен до срж, дел кој чекал да се вратиш и конечно да се споите во целина. Којзнае... Можеби...

А можеби ќе се случи сосема спротивното. Па вака соголена и на виделина, искрата ќе биде згасната од ветрот. И засекогаш ќе исчезне. Засекогаш ќе исчезне и последната нишка поврзаност. Којзнае... Можеби.

Кој може да знае...

Но, што и да се случи, знај дека ќе биде баш онака како што треба да биде, онака како што е најдобро за тебе. Затоа, препушти се, дозволи нека се случи. Не се спротиставувај.

Само биди присутен. Буден. И фати ја главата порака од сето тоа. И дозволи да те освести.

Не си се вратил без причина.

~ Ива Брадариќ