Еден ден ќе сфатиш дека си останала сама

Еден ден ќе сфатиш дека си останала сама, дека всушност секогаш и си била сама, иако тоа спознание обично доцни. Родителите умираат, сопрузите умираат или се менуваат, љубовниците изневеруваат, децата растат... Или сама си одиш, затоа што полека стануваат странци. Се руши она што до вчера супер си функционирало.

Не е важно што ќе се случи, запомни: самотијата е секогаш зад грбот. Зрелост значи способност да бидеш сама, без драми и со мудрост.

Навреме подгответе се за тоа. Еве како:

Сите се заменливи (освен најнајблиските)

Пуштај нови луѓе во животот, дури и ако не можеш да видиш дека имате нешто заедничко.

Прости им на оние кои можеш, заборави на останатите

Заборавот е најдобра казна и најдобар лек. И никогаш не се расправај со никого, подобро направи си маникир.

Не брзај

Сѐ што се случува пребрзо не може да трае предолго. Ако навистина сакаш нешто, ќе го направиш тоа. Ако си се предомислила, тоа значи дека не било значајно.

Оваа точка ја надополнува претходната: ако нешто навистина посакуваш и сметаш дека е правилно – ДЕЛУВАЈ!

Желбите се живот! Дозволи ѝ на желбата во тебе да живее и следи ја. Ако сѐ уште е таму - исполни ја!

Прави го она што го сакаш, но погрижи се за духот и телото, инаку одеднаш ќе ти се одмаздат

Стекни ја навиката да го слушаш твојот дух и тело и исполнувај им ги желбите. Ако никогаш не си го правела тоа и не знаеш како говорат, почни од едноставни работи како читање книги, медитација, здрава исхрана, опуштени прошетки, итн. Понатаму се ќе си се развива само од себе.

Романтика, љубов и страст

Но, ако ги помешаш со секс, можеш да останеш без ништо. А тоа е штетно и не е премногу паметно. Романтиката и љубовта нека живејат во твојот живот и со нов маж.

Последна работа за која треба да се грижиш е што ќе мислат луѓето за тебе

Луѓето најчесто мислат само на себе, но и на тебе, мерејќи според своите уверувања.

Плаши се од сигурноста, рутината и предвидливоста

Слободно сомневај се во оваа листа и јас самата се сомневам. Но, сепак ќе ги оставам овие точки такви какви што се. Еден ден ќе останам сама и ќе проверам дали ова е навистина корисно.

Но, ова е единствената точка во која не се сомневам: чувајте ги пријателите

Многу е важно човек да негува добри пријателства. Еден ден, кога ќе сфатам дека сум останала сама, тие ќе дојдат и ќе ми речат: „Дали си нормална, па нѐ имаш нас!“

И тоа ќе биде вистина!

cheap nike air max 90