Еден ден ќе погледнете назад и ќе се каете што сте го живееле животот по туѓи правила - не го дозволувајте тоа

Еден ден ќе погледнете назад и ќе се прашате себеси зошто се плашевте од неуспехот и не се трудевте повеќе. Ќе се свртите назад и ќе се прашате зошто не се потрудивте повеќе -  да отидете онаму каде што сакавте да одите, да бидете со личноста која ја сакавте, да ги сакате своите пријатели повеќе.

Животот постојано ве збунува, слушате од другите како треба да се живее, слушате неуспешни приказни од другите луѓе, тоа ве заплашува и така живеете ден за ден. Времето минува.

Се одалечувате од блиските, се повлекувате во себе. Живеете како и сите други околу вас. Велите дека е такво живеењето денес – модерно.

Мислите дека ако се потрудите и не успеете дека другите ќе ве осудуваат. Можеби сте во право, но зошто е тоа важно? Зарем другите знаат како се чувствувате? Зарем ќе дозволите другите да го трасираат вашиот пат?

Времето минува и штом се свестите, животот поминал. Еден ден ќе ви стане јасно што сте требале да направите, но тогаш ќе биде предоцна. Не го дозволувајте тоа. Ќе ви биде мило што сте дале сѐ од себе за да го промените тоа. Дури и да не успеете, барем сте пробале.