Еден ден ќе одлучиме минатото да го оставиме зад себе, а тоа ќе биде најубавиот ден во нашиот живот

Животот е прекраток за да живееме во минатото со спомени.

Еден ден ќе одлучиме дека е време да го оставиме минатото зад себе, да ги спакуваме нашите спомени во еден куфер кој ќе го чуваме далеку од себе, а да ги избришеме сите прашања за тоа што би било кога би било. 

Еден ден ќе сфатиме дека моментот во кој живееме е најважен и дека тој ја има најголемата моќ да ни донесе вистинска среќа, а не некаков концепт за минатото кој живее во нашата глава и прави да мислиме дека работите се поубави одошто вистински биле. Да е тоа вистинската личност за нас, би била со нас тука и сега. Да беше тоа вистинската работа, вистинскиот сон не би биле таму кадешто сме денес. Да беше тоа вистинското, реално....немаше да биде минато, ќе беше дел од некоја наша убава сегашност.

Време е да престануваме да се прашуваме „а, што ако” и да престанеме да се преиспитуваме дали сме го направиле вистинскиот чекор. Време е да завршиме со некои приказни кои се недовршени а немаат потенцијал да бидат дел од нашиот живот, ниту сега ниту пак во иднина. Време е да отвориме простор, празно место, слободно место за сите оние луѓе кои сакаат да бидат покрај нас и за сите оние убави спомени кои можеме да ги создадеме со оние кои ни значат.

Да му се насмевнеме на новиот ден, да прифатиме дека минатото е минато и дека животот е прекраток да се живее од спомени. Немаме време за обвинување на себеси, правдање на другите или обратно. Време е да кажеме крај на некои нешта кои завршиле многу одамна пред да сме направиле обид да го прифатиме тоа.

Време е за нови почетоци, а денот кога ќе го оставиме минатото зад себе, онаму кадешто припаѓа ќе биде најубавиот ден од нашиот живот.