Еден ден ќе изгубите сѐ што некогаш сте сакале, но...

Има една многу позната ангедота за Франц Кафка која вели дека тој секој ден шетал низ истиот парк и еден ден сретнал едно мало девојче кое плачело. Таа ја изгубила својата кула и била неутешна.

Кафка ѝ понудил помош при барањето, па се договориле следниот ден да се најдат на истото место. Со оглед на тоа дека не ја нашол куклата, составил едно писмо во име на куклата и ѝ го прочитал на девојчето: „Те молам немој да жалиш за мене. Отидов на пат за да го видам светот. Ќе ти пишувам за моите авантури.“

Ова било прво од многуте писма кои следувале. Секојпат кога ќе се сретнел со девојчето, Кафка ѝ читал внимателно смислени писма за измислените авантури на нејзината кукла, а тоа ѝ давало утеха. Кога на средбите им дошол крајот, Кафка ѝ подарил кукла на девојчето, која секако не била воопшто слична на изгубената кукла.

Девојчето видело дека на куклата има уште една, последна, порака, која гласела: „Патувањата ме изменија...“

Многу години подоцна, кога девојчето веќе била возрасна девојка, внатре во куклата пронашла скриено писмо. Го отворила листот и ја прочитала следнава порака:

„Еден ден ќе изгубиш сѐ што некогаш си сакала, но на крајот, љубовта ќе се врати во некој друг облик...“