Еден ден ќе го сретнеш...

Еден ден ќе се заљубиш. Вашите очи ќе се сретнат и ти одеднаш ќе бидеш непоправливо заљубена. Нема ни да знаеш како и зошто се случило тоа. Но, ќе знаеш дека нема да сакаш да живееш без оваа личност. Работите ќе се одвиваат толку природно и спонтано. Нема да мора да се трудиш и да се бориш за неговото внимание, ниту пак да правиш планови како да го фатиш. Сѐ ќе си дојде природно, чекор по чекор.

Нема да брзаш, нема да правиш форсирани работи кои би можеле да ја уништат вашата врска. Нема да носиш избрзани одлуки, затоа што ќе уживаш во секоја минута со него. Ќе посакуваш минутите и часовите со него да траат подолго. Вашата врска нема да биде само физичка, туку ќе имате подлабока поврзаност.

Ти ќе му веруваш и ќе знаеш дека тој нема да ти го скрши срцето. Едноставно ќе знаеш. Ни за миг нема да се сомневаш во него и ќе споделуваш со него работи кои никогаш претходно не си ги споделила со никого.

Речиси е невозможно да се пронајде љубов во овој луд свет. Луѓето сакаат само површно излегување, малку секс и веднаш ги снемува. Луѓето не си веруваат едни на други. Но, ова ќе биде љубов која ќе биде вистинска и длабока. Топла, чиста и искрена љубов. Ќе се чувствуваш безбедна. Тој нема да тера да правиш ништо што не сакаш. Тој нема да очекува луди работи од тебе. Тој ќе те сака таква каква што си, заедно со сите доблести и маани.

Кога ќе гледа во тебе, нема да гледа само физичка убавина. Тој ќе ја гледа твојата прекрасна душа и секогаш ќе бидеш најубава за него. Тој ќе биде покрај тебе и секогаш ќе те поддржува. Твоите соништа ќе му бидат важни. Тој ќе се восхитува на твојата сила и упорност, особено на твојата тврдоглавост кога се бориш за работите кои ги сакаш. Тој секогаш ќе ти го чува грбот. Неговата љубов е чиста и бескрајна.

Еден ден ќе го сретнеш. Ќе сретнеш маж со кој заедно ќе ги водите сите битки и ќе ги решавате и најтешките предизвици. Но, пред да го сретнеш, ќе мора да поминеш низ сѐ и сешто. Ќе мора да искусиш и отровна љубов. Ќе мора да се справуваш со љубомора и себичност. Ќе мора да минеш низ сѐ за да го добиеш човекот кој го сакаш.

Тој е човекот кој ќе става насмевка на твоето лице секогаш кога животот ќе стане комплициран. Тој ќе биде тука да те крене кога ќе паднеш. Тој е човекот во чии раце можеш да се одмориш и во чија прегратка ќе се заштитиш од овој свет.

Тој ќе те знае најдобро од сите. Тој е твојата сродна душа. Тој е мистериозниот човек за кого си сонувала цел живот. Тој е причината поради која треба да продолжиш да веруваш во љубов. Љубовта постои. Верувај дека наскоро ќе се увериш во тоа!