Еден дел од скопско денеска без струја, без вода ќе останат две улици

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека денеска (вторник) без електрична енергија ќе останат:

- во периодот од 09.30 до 11.30 часот, корисниците од с.Дречавица (општина Студеничани). 

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска (вторник) поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа ф-200 мм на ул. Димо Хаџи Димов бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Димо Хаџи Димов и ул. Божидар Аџија.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.