Еден булевар и неколку скопски улици утре без вода

Од скопски Водовод известуваат дека утре (вторник) поради промена на затворачи ф 2” цола, на ул.Коста Абрашевиќ бб (кај ОУ Хасан Приштина), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Коста Абрашевиќ, булевар Цветан Димов, ул.Панче Неделковски, ул.5-ти Мај и ул.Кемал Ататурк. 

Прекинот, според најавите, ќе биде од 09:00 часот до завршување на работните активности.