„Е Господе, некој не ги сака, а ги има, ние копнееме, а не можеме да ги добиеме“

Со сопругата веќе 8 години сме во брак. Премногу се сакаме и почитуваме. Двајцата работиме, имаме опремено станче од 60 квадрати, два автомобила...Веќе долго време пробуваме да имаме деца, но неуспешно. Тоа ме јаде одвнатре, ме пустоши.

Многу пати и велам оди, да се остви ме што кога не можам да и подарам дете. Што?  Секако дека она не дозволи тоа да се случи. Да се има љубов како нашата е благослов. Со детето би било совршено.

Но, коцките не се подредуваат секогаш онака како што си замислил. За некого репродукцијата е лесна, за други е вистински предизвик и борба. По сите поминати гатачки, бајачки, лековити води, семинари, пробавме со ин витро, вториот пат беше успешен, но набрзо и таа среќа згасна. Секоја вечер си се тешиме размислувајќи на имиња, прошетки, родендени заедно со нашите деца. Некогаш ќе си помислев е господе некој не ги сака, а ги има, а ние копнееме, а не можеме да ги добиеме...Решивме да посвоиме дете, и ние и тоа мало душиче да има и да чуствува љубов се надевам дека бргу ќе добиеме позитивен одговор....

Едно ќе кажам цврсто држете ја својата љубов. Затоа што таа нема да престане, таа ќе се зацврсти баш кога ќе биде најтешко. Можеби не се сите направени од љубов, но треба новите деца да ги правиме и чуваме од љубов. Животот не е во материјалните работи и што ако имам лагоден живот, голем стан во кој кога ќе влезам нема кој да се затрча и да ми рече дојдоа мама и тато.