Ѕвездите се горе, мравките се доле, јас и ти се сакаме, ајде да се...Споменар од детството

Првите симпатии и дечковци, првиот бакнеж, омилените музички групи и книги. Колку многу спомени на еднo место. Се сеќавате? На секоја страната од тетратката по едно прашање (првото име и презиме, имаш ли симпатија, па како се вика)...И надолу бројчиња 1, 2, 3, 4.....И се потпишувавме цело одделение.

-Ги имав многу, но чувам само еден. Се потпишувавме цело одделение, на секоја страница имаше едно прашање и надолу бројчиња. Пишувавме и песни, цртавме. Баш пред некој ден го отворив и се изначитав. Ми носи многу убави спомени, вели Невенка.

-Јас и ден денес го чувам споменарот...дете..најубаво ми беше..еее Лазе, Лазе.. и сите знаеа и секогаш кога ќе ме прашаа црвенеев и еве што сум напишала: "Денес сум тажна Ана го баци Лазе, не ми е повеќе другарка не идам повеќе со нејзе на школо". Се сеќавам на тој момент боже со недели и бев скарана ..Ее Лазе..па колку го сакав тоа детее..за полуматура ми беше партнер..и тоа го имам запишано ама незнам кај ми е сеа моментално споменарот, вели Билјана.

Што пишувавме во споменарите:

Каква музика слушаш? - Забавно

Ти си шеќер, јас сум мед, заедно сме сладолед

Пиши ја првата буква на името на симпатијата...

Коа бев мала јадев многу бонбони, а сега го сакам комшијата со широки панталони.

Прва љубов како сенка, тивко тивко доаѓа и на прсти како крадец под мој пенџењр проаѓа...

Mастика не те џвакам идиоту не те сакам, балонче си правам извини се зафркавам.

Љубовта секогаш победува, срцето еднаш се повредува, солзите еднаш потекуваат на оние кои прв пат се вљубуваат.

Ѕвездите се горе, мравките се доле, јас и ти се сакаме, ајде да се лапаме.

Авионите летаат, мајмуните врескаат, а селските момчиња глупости трескаат.

Tи ме сакаше мене, јас те сакав тебе, и двајцата се сакавме но не во исто време.