
Младиот музички талент Никола Станишиќ, кој со својата огромна победа на регионалното натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ ја направи горда цела Македонија, ќе одржи победнички концерт на плоштадот во Автокоманда!
Концертот, како што најави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски ќе се одржи денеска (вторник) со почеток во 20 часот.
- Ги покануваме сите граѓани на Гази Баба, Скопје и цела Македонија да му дадеме силна поддршка на Никола, кој овој концерт го организира во знак на благодарност кон народот! Ајде заедно да ги испееме најубавите македонски песни со кои Никола му покажа на целиот Балкан дека Македонија е Бисер Балкански, порача Стефковски кој оствари средба со младиот пејач.