ДЗС спаси четири лица завеани на Плетвар

Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување од СВР Битола доцна синоќа, во 00:30 часот, добило известување дека четири лица се завеани во обилниот снег во село Горно Ореово, поради неговото интензивно паѓање во текот на целиот ден.

„Веднаш по добивањето на информацијата од вработени во ПО Битола, беа преземени сите активности за спасување на завеаните лица. По тешките околности на патот и соодветно пребарување на теренот, четирите лица беа пронајдени вознемирени, во паника и неизвесност. Од страна на вработените во ДЗС на лицата им беа дадени топли напитоци, а потоа, истите беа преземени и безбедно вратени во Битола“, се наведува во соопштението на ДЗС.

Акцијата за нивно пронаоѓање траела до 6 часот утрото и завршила безбедно.