ДЗС од САД доби опрема за обуки за деминери и пиротехничари

На Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како координатор на Програмата за интегрирана обука на деминери и пиротехничари од МВР, ДЗС и МО/АРСМ, и беше доставена опремата обезбедена преку програмата за хумано деминирање на EUCOM од САД и фондацијата „Голден Вест“ (Golden West), со континуирана поддршка од Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Скопје, информираа денеска од ДЗС.

Оваа опрема е наменета за обуки и за вежби, со цел да се подобрат вештините на обучувачите и тимовите од Македонија, а и да се зголеми нивната подготвеност за брзо и ефективно справување со заканите од експлозии на неексплодирани убојни средства (НУС).

„Со оваа поддршка, уште еднаш се потврдува дека САД остануваат докажан партнер во зајакнувањето на безбедноста и заштитата на животот и имотот на сите граѓани, велат од ДЗС во објавата на социјалните мрежи.