ДЗС: Градоначалниците да ги преземат сите мерки во зимски услови

Дирекцијата за заштита и спасување преку соопштение апелира до сите градоначалници и единици на локалната самоуправа да ги преземаат сите неопходни мерки за расчистување на снегот и снежните наноси заради нормално одвивање на сообраќајот и заштита на населението во согласност со обврските од Законот за заштитата и спасувањето.

Од ДЗС воедно информираат и дека будно ја следат состојбата со временските услови во целата земја.