ДЗС ги мобилизира тимовите за заштита и спасување од пожари, апел да се вклучат и доброволните противпожарни друштва

По избувнувањето на повеќе пожари низ источниот и југоисточниот дел на државата, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) одржи итен состанок со цел мобилизација на тимовите за заштита и спасување од пожари како и вработените на ДЗС и ПОЗС.

Како што е објавено на Фејсбук страницата на ДЗС, директорот на Дирекцијата Беким Максути издал наредба за мобилизација на тимовите за пожари, Валандово, Виница, Берово, Битола, Гостивар, Куманово и Скопскиот тим Карпош.

Предложено да се вклучат и доброволните противпожарни друштва.

Вработени од ДЗС по координацијата се упатени кон загрозените подрачја, како што се Старо Нагоричане, с. Бели Кочани и с. Новаци Битола со цел проценка, координација и помош на загрозените подрачја, наведува ДЗС.

– Апелираме до сите граѓаните да се вклучат доброволно на местата каде што е неопходно и директно да ја известат ДЗС за пожари во целата територијата на државата. Само заедно можеме да се справуваме најсилно со ова зло, стои во објавата на Фејсбук страницата на ДЗС.